Викторија и Дејвид Бекам со 28 бизарни барања до персоналот во Црна Гора каде што летуваат

Точка

19/07/2018

15:15

9.443

Големина на фонт

а а а

Дејвид и Викторија Бекам со своите четири деца летуваат во Црна Гора. Медиумите во регионот пишуваат дека познатото семејство стигнало на Јадранскиот брег после повик од пријател што им гарантирал потполна приватност.

Сепак, папараците успеале да ги фотографираат додека уживале на плажата на Св.Стефан, а освен приватност, семејството Бекам имало список со дури 28 барања што морало да им бидат исполнети.

Барале да имаат постојан надзор, за нив да се грижи постојано исти персонал, возачи и кувари, а во собите да имаат поголем проток на кислород.

Тука се и барањата во врска со позицијата на лежалките на плажата, да има растојание од другите лежалки до нивните, пишува Курир, додавајќи дека семејството барало и посебна храна и вода што секојдневно ја пијат. Поглед од апартманот, звучна изолација и тераса се исто така барања од списокот.

„Викторија е одмерена и многу малку разговара со луѓе, иста е како што ја гледаме на црвен тепих - сериозна и молчелива, додека Дејвид е опуштен“, рекол изворот што ручал во близина на ресторанот додека семејството Бекам уживало на плажа.

Менаџерот на одмаралиштето во кое што биле сместени, одбрал посебни вработени што ќе се грижат за познатото семејство и нивните два луксузни апартмани, а собарките можат да влезат во одредено време и тоа без мобилни телефони, за да не можат ништо да фотографираат.

Дека целото семејство ужива во Црна Гора, покажаа и на социјалните мрежи, иако во ниеден момент не ја открија нивната локација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг