Мотивацијата била толку силна што откажувањето не беше негов избор: Имал 206 килограми, а денес изгледа сосема неверојатно

Супермен

19/07/2018

16:19

2.943

Големина на фонт

а а а

Девојките го сакале, но поради неговата дебелина секогаш го ставале во пријателската зона. И навистина, бидејќи во 2008 година Ричард Бренскум од Де Мојн, Ајова имал 206 килограми.

Кога неговиот татко почина во 2005 година, неговата жалост поттикна прејадување. Се тешел така што постојано јадел и внесувал голем број калории. 

"Бидејќи татко ми боледуваше од дијабетес, поголемиот дел од работите морав сам да ги учам. Голем удар беше за мене кога тој се разболи од пневмонија. Кога влегов дома го затекнав како лежи на подот, што инаку умееше да го прави. Меѓутоа, кога се приближив погледнав дека неговото лице е модро. Беше ладен", ракажа ова момче за медиумите.

Храната станала негов живот, бидејќи јадел многу повеќе отколку што му било потребно. Но, алармот заѕвонел кога докторите го предупредиле дека нема да го дочека 21 роденден.

"Тоа беше пресврт во мојот живот. Се погледнав во огледало и навистина сфатив дека или ќе умрам или ќе ослабам. Бидејќи не сакав да умрам млад, ниту животот да го поминам врзан за кревет, одлучив да направам промени", вели Бренскум.

Одлучен да го врати својот живот и здравје, отишол кај нутриционист и врз основа на програма ослабел неверојатни 135 килограми.

Беше тешко, исцрпувачки и фрустрирачки. Кога за прв пат се обидел да трча на трака, му беше потребен еден час за да помине еден километар. Тој имаше силна цел така што откажувањето не беше негов избор, а поради тоа денес е пример за сите.

"Никогаш не смеев да помислам дека еден ден ќе ме прашуваат за совети за слабеење и вежбање, а токму тоа ми се случува секој ден. Тоа е најдоброто чувство на светот", вели ова момче кое денес е Инстаграм ѕвезда и бодибилдер, а девојките лудуваат по него.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk