Сакате летување, сакате зимување.. Европа има апсолутно сè, затоа и привлекува милиони туристи од другите континенти.
Европа може да ни биде комплицирана и на нас Европјаните, а замислете како им е на туристите што не се од нашит континент. Со причина се вели дека Европа е „лулашка на човечката култура и историја“ и во секој нејзин агол се кријат милиони работи што може да ги посетите и откриете. Токму тие работи, создаваат милиони причини зошто туристите од другите континенти доаѓаат на турнеа токму во Европа.
А доколку треба да крунисаме еден остров како најдобар во Европа, тоа е прилично тешка задача. Сепак, токму тоа го направи екипата од „Travel + Leisure“ со резултатите од годишните истражувања - „World's Best Awards“. Различни држави и острови добиле неколку илјади гласови, но една држава се појавила како убедливо најголем фаворит меѓу туристите за 2018-та година.
Грција оваа година освои дури 6 места во категоријата 10 најдобри острови во Европа. Меѓу популарните дестинации како што се Миконос и Санторини, имало и неколку помалку познати места. Островот Парос, што се наоѓа на Кикладскиот архипелаг е познат по своите необични плажи и традиционални села и го добил првото место за најдобар остров во Европа. На второ место се Оркнијските острови, архипелагот на североисточниот брег на Шкотска.
Ова се 10-те најдобри Острови во Европа, за оваа година