Колинда конечно се огласила по дождот, прегратките и бакнежите на финалето: Зошто толку се занесов

Точка

19/07/2018

20:22

9.843

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, била во центарот на вниманието на церемонијата за доделување на медалите по финалниот меч на Светското првенство во Русија, со оглед на тоа дека срдечно ги прегрнувала и бакнувала сите кои се нашле во нејзина близина, од играчите на Франција и Хрватска, па се до судиите и политичарите.

"Не можев да издржам. Утрото не можев да спијам од возбуда, помешани чувства и гордост и радост, а малку и тага што не победивме, бидејќи навистина бевме подобри. Тоа сите ни го признаа, дури и претседателот Макрон. Ни фалеше малку среќа. Неизмерно ми е мило што целиот свет не доживува, не само како морални победници, туку и како победници кои ги освоија срцата", рекла претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ пред неколку дена за "RTL". 

Таа додала дека ја понела атмосферата на стадионот и дека не сакала да се воздржува.

"Сакав да бидам човек, да покажам дека сите ја сакаме својата татковина и репрезентација, колку сме горди на нив и колку голем момент беше тоа за Хрватска, држава која нема голем број на луѓе и голема територија, но е огромна во срцето и која направи огромен успех", рекла Грабар Китаровиќ и додала дека уште повредно е тоа што играчите донеле злато кое Хрватите го носат во срцата и тоа што сите успеале да се обединат во љубов и национална гордост.

"Тоа мораме да продолжиме да го развиваме и да го задржиме", објаснува хрватската претседателка.

Рекла дека на стадионот била и навивачка и претседателка и дека сите ја почитувале.

"Од претседателот на ФИФА, Инфантино, кој рече дека нема проблем да носам национален дрес, не го кршев дрес-кодот за оние кои се плашат од тоа, не беше тоа проблем ни за Путин, ни за Макрон, кој исто така беше навивачки настроен во текот на натпреварот", истакнува претседателката и додава дека атмосферата меѓу неа, нејзиниот сопруг и Макрон и неговата сопруга била фантастична и спортска.

"Макрон ми честиташе по секој гол на Хрватска. Во соблекувалната отидовме заедно со Путин, Макрон и Инфатино. Им честитавме на нашите, се фотографиравме со нив, за жал овој пат немаше кој да не снима. Влеговме и во француската соблекувална и јас им честитав и беше прекрасно кога почнаа да викаат "Кроација, Кроација"".

Таа ја прокоментирала и тагата на Лука Модриќ.

"Па, видов дека беше тажен, па ме понесе кога го видов изразот на неговото лице, бидејќи сакав сопствениот успех да го надополни со Хрватска на врвот на светот, но денес е среќен кога се му "легна". Првите моменти беа моменти на тага, а потоа се освестивме дека Хрватска доби сребро", истакнува хрватската претседателка.

Иако рускиот претседател со своите реакции делувал студено, претседателката тврди дека се однесувал воздржано.

"Се чувствува човечка топлина, се осудувам да кажам, не можам да зборувам во негово име, но би се осудила да кажам дека навиваше за Хрватска. Фактот дека дојде во соблекувалната, се фотографираше со играчите и нивните семејства, креваше прст во воздухот, многу зборуваше за тоа дека сепак се опушти малку", рекла таа.

Претседателката на Хрватска за време на доделувањата на медалите накиснала, а вели дека чадор воопшто не побарала.

"Не ме интересираше ништо, ни фризурата, ни шминката, ни облеката. Тие пантолани се веројатно уништени, чевлите ми беа полни со вода, одвај одев со нив, но јас дождот не го ни почувствував во тој занес", објаснила Грабар Китаровиќ.

Објаснила и дека одликувањето на играчите го одложила за да не ги оддалечува од навивачите.

"Одликувањето ќе се случи кога ќе се договориме со репрезентацијата и тоа мора да биде датум кога сите ќе бидат во Загреб. Нема брзање, одликувањата се тука", порачала таа.

Претседателката на Хрватска по финалниот меч во Москва го бакнала и трофејот кој и бил врачен на Франција.

"Морав да го бакнам бидејќи толку многу го сакавме. Се чувствував како да го освоивме иако формално не го донесовме во Хрватска, но тој беше наш бидејќи игравме за него и игравме подобро", рекла Хрватската претседателка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг