Како Рома ќе ги потроши парите од трансферот на Алисон?

Точка

19/07/2018

19:01

1.658

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот голман Алисон Бекер ќе се пресели во Ливерпул во најголемиот голмански трансфер во историјата, а римскиот клуб ќе инкасира 75 милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Римјаните веќе се во потрага по наследникот на Алисон, а на врвот на листата со желби Рома е голманот на ПСЖ, Ареола, како и голманот на Барселона, Јаспер Силесен.

Сепак, тоа не е се, па дел од парите од трансферот на Бекер, Рома ќе ги потроши и на уште неколку засилувања. Наводно, римскиот клуб е заинтересиран за услугите на шпанскиот офанзивец на Милан, Сусо, како и офанзивецот на Бордо, Малком.

Да потсетиме, Рома ова лето исто така остана без Раџа Наинголан, а на „Олимпико“ од позвучните имиња пристигнаа Хавиер Пасторе, Џастин Клајверт и Брајан Кристанте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг