Ибрахимовиќ со поддршка за Погба: Што сакате повеќе од него? Го освои СП, играше финале…

Дерби

19/07/2018

20:10

2.168

Големина на фонт

а а а

Шведскиот ветеран, Златан Ибрахимовиќ испрати уште една порака во знак на поддршка на својот добар пријател и поранешен соиграч во Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Погба доби доста критики за своите настаи во Јунајтед, но на СП во Русија одигра одлично, на високо ниво и беше еден од клучните играчи за триумфот на „триколорите“. Ова според Ибра е одговорот и поздравот на Погба за сите критичарите, а во исто време напаѓачот верува дека Французинот во иднина ќе биде уште подобар.

-Јас играв со него две години и луѓето сакаат да го кажат нивното мислење на што и имаат право. Тие судат, ама мислам дека резултатите зборуваат сами за себе. Не е потребен одговор од устата, можеше да одговорите со нозете и да го направите она во што сте добри. Така треба да биде и јас сакам тоа да правам. Тој е млад. Го освои СП, играше во финалето на ЛШ, финалето на ЛЕ, финалето на СП-и освои многу титули во Јувентус. Што повеќе да се каже? Само нека ужива во натпреварите и знам дека ќе биде уште подобар, -порача Златан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг