Алисон се уште не е потврден, а Ливерпул веќе му продаде голман на Лестер за десет милиони фунти

Дерби

19/07/2018

21:03

1.355

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите спортски медиуми во Англија, „Скај Спортс“ пренесува дека Лестер и Ливерпул се договориле за трансфер вреден десет милиони фунти за голманот Дени Вард.

Вард минатата сезона беше трет избор на Јирген Клоп на голманската позиција, додека една сезона пред тоа со голем успех настапуваше во дресот на Хадерсфилд со кој стигна до промоција во Премиер лигата.

Од таборот на Лестер не го носат Вард како замена за Каспер Шмајхел туку како негова конкуренција за голманската позиција.

25 годишниот велшки чувар на мрежата во текот на следните денови ќе ги има медицинските прегледи со тимот на Лестер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг