Додека ја прочитате оваа статија, Ким Кардашијан ќе заработи 2 милиони долари

Точка

19/07/2018

17:00

3.216

Големина на фонт

а а а

Од ријалити ѕвездата, Ким Кардашијан со текот на времето се претвори во една од највлијателните модни икони на 21-ви век.

Пред речиси еден месец, таа доби и службено признание за тоа, од Советот на американски модни дизајнери, познати по кратенката „CFDA“, кои всушност поради неа измислиле награда за инфлуенсерка на годината.

А доказ за тоа колку е добро нејзиното влијание е нејзиниот бренд „KKW Fragrance“. Станува збор за низа на парфеми што се направени од инспирација на емотиконите, кои ги промовираше во вторникот, на светскиот ден на емотиконите (да, постои и тоа).

Колекцијата се состои од три парфеми во шишенца во облик на праски, вишни и текстуални облачиња на кои пишува „vibes“, што се продаваат само на службената страница на нејзиниот бренд, по цена од 45 долари, што е релативно нормална цена за едно шише парфем.

Ким нема потреба да става превисоки цени на своите производи, бидејќи сè што е со нејзиното име, лесно се продава. Неофицијално, во првите 5 минути откако ја објавила својата колекција, заработила 5 милиони долари.

Старлетата во просек, секоја минута заработува милион долари од продажбата на своите емотикон-парфеми, и тоа без ниеден платен оглас, што значи дека за времето кое што ви е потребно да ја прочитате оваа статија, старлетата веќе заработила 2 милиони долари. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг