Јужнокорејската компанија Самсунг изминатите месеци работи на произведување на мобилен телефон кој ќе се преклопува, најверојатно ќе биде претставен на почетокот на следната година, пренесуваат странските медиуми.
Овој мобилен наводно ќе има дисплеј со големина од седум инчи, кој ќе може да се преклопува на пола како новчаник. Надворешната страна на уредот би имала исто така некој вид на дисплеј.
Поради двата екрани, намерите на Самсунг да го опремат телефонот со поголема батерија се загрижувачки поради проблемите со претходната батерија на Galaxy Note 7 кој бил склона на експлозии.
Овој модел би требало да чини повеќе од 1.500 долари, а пред лансирањето наводно ќе го тестираат одбрани "гејмери".
Веста за овој мобилен телефон на Самсунг не е ништо ново. Во октомври минатата година произлегоа фотографии од дизајнот на овој уред.
Од Самсунг неколку пати потврдиле дека работат на мобилен уред кој ќе се преклопува. Во април минатата година, главниот инженер на Самсунг, Ким Та Вунг рекол дека компанијата се фокусира на дизајнирањето на екран без слика, а после тоа ќе се посвети на изградбата на споените дисплеи.
Во меѓувреме, компанијата ZTE го претстави сличниот таков модел, тлефонот Axon M која има два IPS дисплеи.