Луис Енрике ја презеде шпанската репрезентација

Макфакс

19/07/2018

18:31

1.158

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике во четвртокот официјално стана селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија. Поранешниот тренер на Рома, Селта и на Барселона, потпишал двегодишен договор.

Шпанија за време на Светското првенство мина низ еден турбулентен период, Хулен Лопетеги два дена пред почетокот на шампионатот доби отказ поради што тимот го водеше спортскиот директор Фернандо Јеро.

Шпанија настапот на Светското првенство го заврши со поразот на пенали од Русија во осмина-финалето.

По завршувањето на Светското првенство, Јеро повтори дека нема намера повеќе да биде селектор, па Сојузот од неколкуте кандидати се реши за трофејниот тренер на Барселона, Луис Енрике.

На својата промоција тој најпрвин им се заблагодарил на челниците за укажаната доверба, а потоа најавил на што ќе посвети најмногу внимание.

„Нема да има никаква револуција, туку ќе има еволуција. Нема драстично да ја менуваме играта, туку ќе гледам да ја унапредиме. Тоа веќе го направив во голем клуб каков што е Барслеона. Постојат аспекти во играта кои може подобро да се одработат. Ќе анализираме сè она што го работеа Лопетеги и Јеро и ќе продолжиме по тој пат“, рекол Енрике.

„Постојат моменти кога треба да бидете благ, но и моменти кога треба да покажете став. Со секој играч тоа е поинаку. Сакам кога имам близок однос со фудбалерите, кога можеме да се договараме. Меѓутоа, досега не сум разговарал со никого. Направив список од 70 фудбалери и детаљно ќе го анализирам“.

Запрашан дали е против Реал Мадрид и неговите фудбалери бидејќи бил тренер на Барселона, Луис Енрике одговорил:

„Не сум против никого. Јас сум селектор на Шпанија и тоа ме прави горд. Сакам да го претставам шпанскиот фудбал на најдобар можен начин“, завршил Енрике.



Спонзорирани линкови

Маркетинг