Поради новите снимки што се појавија од турнејата на Бијонсе и Џеј Зи, нејзините фанови се убедени дека пејачката е повторно бремена.
„Beyhive“ се сè по уверени дека на пат е четвртото дете на познатото семејство. Тие гласини кружат околу фановите веќе еден месец, а некои од нив се плашат дека остатокот од турнејата може да биде откажана ако се покаже дека е вистина.
Новите снимки ги интензивирале гласините.
Но, тоа што ги интензивирало гласините се снимките од нејзината турнеја, на кои што е и самата таа, додека го пеела дуетот „Bonnie & Clyde“ со сопругот, со раката го погалила стомакот, исто како во 2011-та година кога ја објавила првата бременост на MTV Video Music Awards.
Целата ситуација ја дополнува нејзината фотографија на Инстаграм, на која што стои покрај бројот 4, што фановите го толкуваат како доаѓање на четвртото дете на свет.
##