Анѓушев: Сите проблеми не може да се решат само со протест пред Владата

Макфакс

19/07/2018

19:17

1.606

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, се сретна со претставниците на синдикатот на компанијата, фабриката за цевки „11 Октомври“ од Куманово, кои денес протестираа барајќи остварување на работничките права загарантирани со позитивните законски прописи.

Вицепремиерот посочил дека компанијата е во приватна сопственост и Владата може да креира политики и да предлага закони, а за непримена на законите одлучуваат судските инстанци.

„Владата ги поддржува вработените во фабриката за цевки ’11 Октомври’ од Куманово во остварувањето на нивните работнички права во согласност со позитивните законски прописи што важат во Република Македонија. За време на средбата посочивме кои се законските надлежности на Владата бидејќи сите проблеми не може да бидат решени само со протест пред Владата. Побаравме трпение од работниците и ќе ги охрабриме надлежните институции да го завршат својот дел од работата. Инспекторатот за труд веќе постапи во согласност со своите надлежности, а и сите други институции ќе ја завршат својата обврска во согласност со законските прописи“, посочи Анѓушев.

Тој додаде дека Владата ќе се заложи за забрзување на постапката за формирање државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка од страна на Собранието.

Вицепремиерот Анѓушев ги повика сопствениците на фабриката да покажат разбирање кон потребите на работниците и да ги почитуваат законите во делот на работничките права.



Спонзорирани линкови

Маркетинг