Викендов второ прскање против комарци во Скопје

Макфакс

19/07/2018

19:18

1.535

Големина на фонт

а а а

Градот Скопје известува дека претстојниов викенд ќе почне втората дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Град Скопје.

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот ќе се одвива в сабота и недела во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција ќе почне в недела и ќе заврши најдоцна до до четврток, во период од 23 до 04 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг