Рација во Берлин против арапски клан

Макфакс

19/07/2018

20:41

2.477

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Берлин денеска спроведе рација против криминален арапски клан кој парите од кражби ги вложувал во недвижности и заплени 77 стана.

„Истрагата се води од 2014 година по голем грабеж во банка во Берлин кога на полицијата во очи ѝ паднаа членови на арапско семејство, кои и покрај тоа што живееле од социјална помош, купувале имот“, изјави јавниот обвинител Бернхард Микс.

Деветте милиони евра од грабежот никогаш не биле пронајдени, а истражителите веруваат дека најголемиот дел од парите е вложен во недвижности во Берлин.

Членовите на арапскиот клан се осомничени и дека се вмешани во кражбата на златникот „мејпл лиф“ тежок 100 килограми од берлинскиот музеј „Боде“. Златникот никогаш не е пронајден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг