Трансформација вредна 78.000 евра за да изгледа како Барби и Памела Андерсон

Точка

19/07/2018

21:16

8.876

Големина на фонт

а а а

Фризерката која е опседната со куклата Барби изгуби дури 89 килограми и подлегна на операции вредни 78.000 евра за да изгледа како својата омилена кукла.

49 годишната Натали Кинг од Корнвол имала 165 килограми поради што најчесто била уморна и ѝ било тешко да се качува по скали, пренесува Дејли Меил. 

Одлучила да ја намали тежината и сосема да го промени изгледот. Изгубила пола од својата тежина, ги зголемила градите, вградила филери во усните и образите и станала русокоса.


Вели дека примери ѝ биле куклите Барби и Памела Андерсон. Поради овие трансформации започнала повремено да работи како модел.

"Многу луѓе на улица ми велат дека изгледам како Памела Андерсон, особено ако носам црна облека. Претходно го мразев својот изглед и одбегнував да излегувам од дома, а денес уживам во своето тело", рекла таа.


Таа истакнува дека е среќна за промените кои ги направила и смета дека секој кој не се чувствува добро во своја кожа треба да го направи истото.

"Не дозволувајте луѓето да Ви зборуваат. Доколку операцијата е она што го сакате, не слушајте никој, тоа е Ваша одлука. Ако поради нешто се чувствувате подобро, направете го", порача таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг