Да, добро слушнавте, овие два новитети наречени Thor и Vader ќе бидат последните примероци кои некогаш ќе бидат произведени од Koenigsegg Agera. После 8 години, шведскиот бренд на хиперавтомобили одлучи да произведе две легендарни линии кои конечно ќе го добијат својот крај.
Во текот на овој период, Agera моделите добија многубројни награди, а исто така ја украдоа круната на Bugatti Chiron автомобилот, како најбрз автомобил на светот.
Можеме слободно да кажеме дека ова два хиперавтомобили се едни од најдобрите на светот. Моделите се дел од последната серија, која беше најавена пред две години, а базирани се на Agera RS автомобилот и доаѓаат опремени со сите специјални аеродинамични елементи и опции на додатоците на Koenigsegg.
Првиот модел ќе биде претставен како Thor, кој има двотонски карбонски финиш со дијамантски честички и големи перја во стилот на Le Mans за подобрена стабилност. Vader од друга страна има провидни карбонски финиш со дијамантски честички и фарови креирани со бело злато. Тој има две мали крила во задниот дел и масивен заден спојлер.
И двата модели се уникатни, а иако брендот ќе продолжи со производство на линијата Regera, заменаta за Agera е моментално во фаза на креирање и ќе биде претставена на идниот женевски саем.