Критериумите според кој се подредени следбениците кои го гледаат "Instagram Story" ќе ги разочараат многумина, особено девојките

Супермен

23/07/2018

10:15

1.898

Големина на фонт

а а а

"Инстаграм Стори" е супер, особено кога сакаме да погледнеме кој нè сака иако не нè следи или кој е редовен во отворањето на нашите содржина, а сепак не ги "лајкнува" нашите објави.

Откако беше воведен во 2016 година, Инстаграм Стори донесе бројни погодности. Содржината која ја објавувате исчезнува после 24 часа, а уредно се забележуваат сите лица кои го погледнале. Меѓутоа, беше по малку нејасно како тие имиња се подредени.  


Иако многумина сметаа дека помеѓу првите се оние кои најмногу Ве следат и Ви го отвараат профилот, сепак вистината е спротивна.

Џулијан Гатмен од Инстаграм веројатно ги сруши соништата на многу девојки потврдувајќи за "The Independent" дека првите имиња на таа листа се всушност луѓето на кои Вие им ги отварате Инстаграм профилите или ги "шпиунирате".


Помеѓу првите имиња кои Ви го погледнале "сторито" се исто така лицата со кои најмногу комуницирате, разменувате пораки и луѓето со кои најмногу комуницирате на Фејсбук.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk