Секој маж се труди да биде што е можно подобар во кревет и што подолго да ја задоволи својата партнерка, и тоа е нормално.
Постојат многу различни методи со кои се служат мажите, со цел да издржат подолго во кревет. Некои се покажаа како добри, додека други претставуваат само губење време. Тоа најдобро го прават професионалците, односно порно актерите, кои секојдневно поминуваат неколку часа во кревет со најубавите девојки на светот.
Тие велат дека е неверојатно тешко да го прекинат оргазамот и дека тоа е нешто што се учи со текот на времето, но велат и дека постои една метода која моментално го убива сексуалното чувство во половиот орган и кое вас буквално ве „рестартира“. Станува збор за „удирање шлаканици“.
Оваа техника нема некој посебен назив, но бара од вас буквално да го „исшамарате“ вашиот полов орган кога ќе се доближите до оргазамот. Ударот треба да биде силен, бидејќи ако сте премногу нежни, тогаш нема да успеете да го постигнете посакуваниот ефект. Порно актерите велат дека со оваа метода можат со часови да издржат во кревет и дека тоа го прават во краткиот период кога камерите ќе се исклучат. Тие ги советуваат мажите ова да го прават неколку пати во текот на сексот, и дека на тој начин сигурно пред жената ќе се претставите како вистински алфа мажјак.