Сите веќе сме навикнати на фактот дека познатите спортисти возат најдобри автомобили, живеат во најубави домови и се во врска со некои од најубавите жени на светот...
Таков е примерот и со апсолутната легенда на НБА, Леброн Џејмс, кој неодамна го објави својот трансфер во Лос Анџелес, а бројните обожаватели на кошарката кои редовно го следат не беа изненадени од овој потег.
Неколку месеци пред официјално да ја објави својата одлука, Леброн купил нова вила во Лос Анџелес по цена од 23 милиони долари.
Неодамна изградената раскошна палата делува како идеална опција за Џејмс и неговото семејство, со осум спални соби и единаесет купатила. Тој има речиси доволно место за сместување на своите соиграчи, а главната спална соба содржи огромен вграден гардеробер, приватен двор и двојно купатило.
Во своето слободно време, Леброн многу лесно може да организира забави во својот нов дом, благодарение на кујната која е изработена по мерка, со подови од француски даб и мермер, величенствен бар од оникс и вински подрум.
Луксузниот отворен двор е прекриен со мермер и делува како идеален простор за опуштени вечерни забави, а како што се очекуваше, неговата нова вила поседува и играчница и уметничка соба за цигари, како и приватно кино и домашна канцеларија.