Брутален коментар за Јелена Ѓоковиќ, на кој таа жестоко одговори!

Супермен

07/08/2018

17:50

5.800

Големина на фонт

а а а

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на Новак Ѓоковиќ, во изминатиот период често беше напаѓана од страна на неговите фанови и навивачи, особено тие од Балканот, кои често знаеа да ја обвинат дека најдобриот српски тенисер го однела на погрешен пат.

Иако српскиот тенисер се вратил со освоен Вимблдон и се очекува да ја обнови славата, и понатаму има такви кои не се задоволни од Јелена и генерално од нејзиното однесување. Тие ја обвинуваат за многу работи кои се случуваат во животот на Новак.

Така се најде и на удар на критики, од следбениците на Инстаграм, откако објави заедничка фотографија со Новак, за која рече дека наздравува за новите почетоци. Многу брзо после објавата со фотографијата имаше бројни негативи коментари.

„А зошто не те однесе малку до Савник, Боана, да го видиш неговиот крај? До Дурмитор..? Тој покрај тебе ќе го заборави српскиот јазик, а не црногорското потекло. Му посакувам среќа на нашиот Новак. А тебе ти посакувам да се спуштиш на земја. Извини. Часови по српски - поволно“, гласеше еден од коментарите.

Иако Јелена секогаш била воздржана од коментари, кога е јавноста во прашање, овојпат не премолче, туку жестоко му возврати на овој коментар.

„Зошто мислиш дека не сме биле таму? Националноста не се живее само на социјалните мрежи“, остро одговорила Јелена.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk