Фејсбук троши вистинско богатство на безбедноста на Марк Закерберг - погледнете ги сите мерки за безбедност кои го штитат

Супермен

09/08/2018

16:32

2.736

Големина на фонт

а а а

Компанијата Фејсбук минатата година потрошила 7,33 милиони долари со цел нејзиниот основач да биде безбеден во својот дом и во текот на патувањата ширум САД.

Сега, социјалната мрежа открила дека секоја година ќе троши дополнителни 10 милиони долари на неговата сигурност. Оваа цифра го надминува износот кој компанијата го троши на платите на своите шефови, но за шестиот најбогат човек на светот тоа претставува ситница. 


"Безбедност во неколку домови, транспорт, тим за заштита, а на сето тоа имате и сопруга и деца - сето ова е доволно за цифрата за безбедност да надмине 10 милиони долари, и тоа за основен пакет", изјавил Родерик Џоунс од компанијата за проценка на ризик "Concentric Advisors".

Безбедност во домот

Ѕидовите, оградите и други бариери кои ги опкружуваат домовите на богатите се најчесто опремени со бројни сензори и камери кои се програмирани да препознаваат лица.

Просторот помеѓу надворешните бариери и домот исто така може да содржи предмети кои се чувствителни на притисок или нешто едноставно како густа вегетација или каменчиња кои прават бука кога некој ќе стапне на нив. Мерките за безбедност во внатрешноста на домот вклучуваат блиндирани прозорци, камери, безбедносни соби, масивни врати и многу друго.

Цената се зголемува

Доколку се потребни телохранители во одделите и сложена технолошка опрема во секој момент од денот, тоа може да изнесува дополнителни милион долари годишно.

Секако, за сето тоа се потребни минимум 10 телохранители, и тоа само за покривање на основните смени и обврски.


Патувања

Важните личности се изложени на најголем ризик кога патуваат. Тие патувања започнуваат со процена на ризик кој покрива крадци и терористички напади.

Однпаред се испраќа стручен тим со цел да се проверат локациите на кои важната личност ќе биде, да се научат рутите за евакуација и да се поврзат со локалните служби за безбедност.

Блиндираните возила и посебните лекови и медицински средства исто така можат да бидат дел од пакетот.

Лични уреди

Многу е важно да се заштитат и сите уреди кои личноста ги поседува, во случајот Марк Закерберг.

Бројните уреди можат да го направат домот небезбеден, а тоа не се однесува само на телефоните и таблетите туку и на паметните фрижидери и телевизорите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk