Минхенската компанија "Sono Motors" создала електричен автомобил кој ја користи енергијата од сонцето. Овој автомобил наречен "Sion" има 330 соларни ќелии кои му овозможуваат да се полни во текот на возењето.
Автомобилот е создаден со цел да го зголеми бројот на еколошки возила во Германија, а тој за движење користи електрична енергија добиена од соларните ќелии, но може да се наполни и на "пумпите" за другите електрични автомобили.
Освен тоа, автомобилот има неверојатен систем за прочистување на воздухот.
"Постојат и други работи кои го прават овој автомобил модерен. Тука се греачите за седишта, клима уредот, информативниот систем со кој можете да го поврзете својот мобилен телефон и многу друго", вели Лорин Хан, основач на компанијата.
Автомобилот ќе се појави на пазарот кон почетокот на следната година, со што ќе бидат произведени 5 илјади примероци. Во случај на врнежливи денови или ноќно возење, автомобилот може да прејде 250 километри со полна батерија.