Поврзано со брзината на растење на брадата, истражувањата покажуваат дека брзината на растот е во директна релација со изложеноста на сонце и нивото на тестостеронот кај мажите.
Новите студии покажуваат дека тоа што веќе и од претходно го знаеме, дека нивото на тестостеронот кај мажите има најголема улога при растот на брадата.
На нивото на тестостеронот пак имаат влијание повеќе фактори. Некои од нив се: исхраната, физичката активност и генетските предиспозиции.
Истражувачи од Универзитетот Бредфорд, во Велика Британија, дошле до заклучок дека брзината на растењето на брадата е во корелација со изложеноста на сонце во текот на летото. Имено, што повеќе сте изложени на сонце, брадата побрзо ќе ви расте.
Истражувањето исто така покажало дека брадата многу поспоро расте во зимскиот период, баш кога повеќето од мажите решаваат да ја пуштат. Истото е поврзано и со нивото на тестостеронот кој е во поголемо количество присутен во летниот период, отколку во зимскиот.
Од тука заклучуваме дека доколку во зима сакате да ја носите својата брада подолга, тогаш, време во кое треба да се позанимавате со одржување и нега на истата е летниот период. Доколку се решите на ваков чекор, најдобро е да се збогувате со бричот за ова лето и почесто да се сончате на плажа.