"The Economist" објави листа на најдобрите градови за живот, на списокот се најде и еден од регионот

Точка

14/08/2018

16:21

22.140

Големина на фонт

а а а

Виена, главниот град на Австрија, се најде на првото место на листата на најдобри градови за живот, пренесува "The Guardian".

Виена, според квалитетот на животот е редовно на првото место на скалата која секоја година ја составува консултантската компанија "Mercer", а откако ја освои и листата на "The Economist", веќе нема дилеми дека австрискиот главен град е најдобар за живеење. 

Со новиот победник е симнат австралискиот Мелбурн од тронот, кој веќе седум пати го освои наведеното признание, но оваа година поради ниската стапка на криминал и малата опасност од воени напади, наградата ѝ припадна на европската метропола.


"Иако во последните неколку години, градовите во Европа се мета на терористички закани, што предизвика зголемување на сигурносните мерки, изминатава година работите се нормализираа", изјавиле од "The Economist".

"Виена како кандидат успеа да го симне Мелбурн од првото место поради зголемата оцена во категоријата на стабилност", додале тие.

На другиот крај од листата, Дамаск го задржал последното место, а пред него се најдоа главниот град на Бангладеш - Дака и Лагос во Нигерија. Наведеното истражување не ги вклучува најопасните светски метрополи како што се Багдад и Кабул.


Виена и Мелбурн ги постигнаа максималните бодови во категоријата на здравствена заштита, образование и инфраструктура, а по нив следат Осака (Јапонија), Калгари (Канада), Сиднеј (Австралија), Ванкувер (Канада), Токио (Јапонија), Торонто (Канада), Копенхаген (Данска) и на десеттото место - Аделаида (Австралија).

Од друга страна, десетте најлоши градови за живеење во светот во 2018 година се Дамаск, Дака, Лагос, Карачи, Порт Мозби, Хараре, Триполи, Дуала, Алжир и Дакар.

На листата од 140 градови се најде и еден град од Балканот, а тоа е Белград кој е позициониран на 82-то место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг