Нова кампања на Мајкл Корс за есен/зима 2018

Супермен

14/08/2018

15:12

1.357

Големина на фонт

а а а

Францускиот манекен Батист Радуф уште еднаш е заштитно лице на новата кампања на модниот бренд Мајкл Корс за есен/зима 2018 година.

Новата кампања е снимена во ентериерот на луксузен хотел како и на улиците на Њујорк, додека манекенот позира во друштво на романската манекенка Андре Дијакон. 

Судејќи по фотографиите, новата Мајкл Корс колекција ја прославува индивидуалноста во богати есенски бои. Додека шетаат низ градот или пијат пијалак во некој локален кафе бар, манекените се облечени во новите модели од есенската колекција која го презентира космополитскиот дух на Њујорк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk