Одлично решение: Новиот уред на Panasonic ја отстранува непријатната миризба од обувките

Супермен

14/08/2018

15:28

1.573

Големина на фонт

а а а

Доколку имате проблем со непријатниот мирис на обувките кој посебно се јавува за време на топлите денови, Panasonic смисли решение, односно уред кој ефикасно ќе делува за време на ноќта.

Panasonic MS-DS100 е уред кој ја напаѓа масната киселина која е природен причинител за непријатниот мирис на стапалата, а која ја создава една од милион бактерии кои живеат на човековото тело Staphylococcus epidermidis. 


Главно патоген кој колонизира човекова кожа за да преживее, а заедно со Staphylococcus epidermidis предизвикува мирис на пот, кој кога ќе стапи во интеракција со аминокиселина позната како леуцин, се ослободува кога ќе се појави пот на стапалата.

Уредот MS-DS100 се става во внатрешноста на обувките и со помош на јоните кои во Panasonic ги нарекуваат "nanoe X", електростатични атомизирани водени честички кои испуштаат 4,8 билиони хидроксил радикали по секунда кои реагираат со честичките кои предизвикуваат непријатен мирис и ги неутрализираат.


Доволно е да се вклучи уредот и да го ставите во обувките, при што следува ширење на јоните. Процесот трае пет, односно седум часа за "најсилните миризби".

Продажбата започнува во Јапонија на 20 септември, а цената сè уште не е позната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk