Девојката го избришала од Фејсбук своето момче и тој веднаш почнал да се сомнева дека нешто не е во ред.
Направил лажен профил, за да откие што се случува. Тоа што го дознал, воопшто не му се допаднало, а потоа побарал помош од психолог.
"Лажниот профил на Фејсбук ми помогна да откријам дека мојата девојка прави нешто со друго момче. Јас имам 22, а таа 23 години. Пред неколку месеци беше на викенд со пријателките и го прекина Фејсбук пријателството со мене, многу брзо откако стигна во хотелот. Веднаш ѝ се јавив, но таа негираше дека го направила тоа. Следното утро повторно бевме пријатели на Фејсбук, но додаде и друго момче. Подоцна видов дека тој ја означи на фотографијата, на која тие двајца се прегрнати. Кога се врати, ја прашав што се случува, а таа тврдеше дека не се случило ништо лошо и ме повика да се преселам кај неа. Бев премногу лут, па одбив. После некое време се извинив, но дотогаш таа се предомислила. Ми рече повеќе да не ја барам, па дојдов до луда идеја и направив лажен Фејсбук профил, под име на нејзиниот братучед. Знаев дека тоа не е во ред, но морав да ја дознаам вистината. И да, ми беше јасно дека прави нешто со него. Јас сѐ уште ја сакам и сакам да бидеме барем пријатели, доколку не може да бидеме заедно", раскажал младиот.
Психологот му возвратил: "Навистина најдобро за тебе би било да се повлечеш. Таа е со некој друг. Сакајќи да ѝ бидеш пријател, само ќе патиш и нема да можеш да продолжиш понатаму со својот живот. Кажи ѝ збогум и продолжи каде што застана. Сигурно ќе ја пронајдеш вистинска личност."