Спортскиот бренд Reebok претстави патики направени од памук и пченка

Супермен

16/08/2018

16:58

1.140

Големина на фонт

а а а

Спортскиот бренд Reebok ја претстави првата производна форма на своите самоодржливи патики креирани од памук и пченка, кои се наменети за трчање со ѓон од биопластика.

Reebok ја лансираше иницијативата Cotton + Corn минатата година иницирајќи на влијанието на модата кон животната средина, почнувајќи со пронаоѓањето на алтернативните гуми базирани на нафта и пенливи ѓонови, искористени за креирање на патики.


Патиките NPC UK Cotton + Corn претставуваат резултат од овој проект. Тие поседуваат ѓон креиран од пченка, додека горниот дел е креиран од 100 % памук. Вкупно 75 % од патиката е базиран на био материјали, со сертификат од страна на Министерството за земјоделство на САД.


Компанијата Reebok, која од 2005 година ја поседува Adidas, претставува производител кој е добро познат по својот фокус на соработката со здружението Parley for the Oceans и развиваат еколошки исправни материјали, а нивни партнери се DuPont Tate & Lyle Bio Products со кои ги креираат патиките.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk