Откако во 2015 година почина неговата сопруга после боледување од рак, Рио Фердинанд беше во депресија и на работ на самоубиство, но сепак среќата успеа да ја пронајде во ријалити ѕвездата Кејт Рајт.
Кога Ребека почина на само 34 годишна возраст, 10 недели после дијагнозата, поранешниот фудбалер бил сосема скршен. Подоцна признал дека размислувал да се самоубие, а утеха пронашол и во алкохолот.
Пред нешто повеќе од една година почина и неговата мајка, исто така од рак на дојка, со што тешко се справил. Но, во меѓувреме ја запозна Кејт Рајт, ријалити ѕвезда која се прослави со популарното британско шоу Towie (The Only Way Is Essex), кое го напушти откако ја започна врската со Фердинанд.
Пред да стане ријалити ѕвезда, која денес на Инстаграм ја следат повеќе од 900.000 луѓе, Кејт работела во банка. Парот ова лето го помина патувајќи низ Европа, па Кејт ги чуваше децата додека Рио известуваше од Светското првенство во Русија. Неодамна заедно беа забележани во Португалија и го прославија роденденот на еден од неговите синови. Неговите деца добро ја прифатија Кејт, иако е свесна дека нивната вистинска мајка е незаменлива.
"Мајката е незаменлива, имате само една", рекла неодамна за Дејли Меил и додаде дека во куќата ѝ посветиле соба на Ребека и дека се слави нејзиниот роденден.