Еве зошто секој љубител на автомобили мора да ја посети Германија

Супермен

17/08/2018

16:32

2.552

Големина на фонт

а а а

Германија, за многумина е земја во која соништата се остваруваат, земја во која платата е висока и животот е далеку подобар отколку на Балканот.

Овој пат нема да дискутираме дали тоа е точно или не, но можеме да потврдиме еден факт - Германија е најдоброто место на светот за вистинските љубители на автомобилите. 

Доколку сте човек кој сака автомобили, тогаш Германија е земјата која морате да ја посетите, а еве и зошто:

Аутобан

Добро познат факт е дека на германскиот Аутобан нема брзински ограничувања, што значи дека можете да возите и 300 км/ч., доколку вашето возило ви го дозволува тоа. Оние кои возеле на Аутобан велат дека тоа е најдоброто возачко искуство.


Музеј на класични автомобили во Берлин

Доколку отпатувате за Берлин, задолжително посетете го музејот "Classic Remise" кој ги содржи едни од најубавите и најекслузивните колекции на класични автомобили на светот. Тука можете да пронајдете неверојатни модели кои најверојатно нема да можете да ги видите на друго место.


Аутоштад

Аутоштад во превод значи "авто град" и во него ќе пронајдете буквално се што е поврзано за автомобилите и автомобилската индустрија. Слободно може да се каже дека ова место е Дизниленд за автомобилските љубители, а истото се наоѓа во Волфсбург.


Музеј на "Mercedes" во Штутгарт

Ова е најголемиот музеј на Мерцедес кој содржи над 200 различни возила кои можете да ги разгледувате. Зградите во кои се наоѓаат возилата се овални и стаклени, така што покрај возилата, ќе имате можност да уживате и во најмодерната архитектура.


Музеј на "BMW" во Минхен

Уште еден музеј кој мора задолжително да го посетите - тука ќе имате прилика да ги видите најновите, но и некои од класичните модели кои го направиле овој бренд еден од најпопуларните на светот.


Музеј на "Porsche" во Штутгарт

Во овој музеј ќе можете да видите над 80 "Porsche" модели, а ќе имате прилика и да видите модели кои се уникатни и кои се единствени во секоја смисла на зборот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk