Иако популарно мислење е дека политичарите крадат, сепак малкумина од нив ги користат парите за купување на видео игри.
Федералниот изборен комитет го обвинил конгресменот Данкан Хантер и неговата жена Маргарет за проневера на вкупно 250 илјади долари кои биле наменети за кампања, од кои над 1500 долари биле потрошени на видео игри на платформата "Steam".
Ahh, here it is: Duncan Hunter spent $1,528.68 in campaign funds on video games. pic.twitter.com/kkJBoFkJfn
— Matt Pearce 🦅🇺🇸 (@mattdpearce) August 21, 2018
Хантер со својата жена ги трошел парите на хотели, авионски летови, партии голф, карти за кино и уште многу друго. Обвинението било објавено на 21-ви август со што јавноста имала увид во ненаменското трошење.
Политичарот купувал видео игри со украдени пари
Откако во 2016 година било откриено дека конгресменот трошел пари со акцент на видео игри, Данкан Хантер вратил 65 илјади долари, но тогаш веќе било предоцна бидејќи била откриена неговата проневера.
Тој купил дури 68 видео игри на "Steam" во рок од една година, а за сето тоа го обвинил својот син кој наводно купувал преку неговиот компјутер. Најинтересниот факт во целата ситуација е тоа што Данкан ги означил тие трошоци во финансискиот извештај како "Steam игри". За волја на вистината, тој во извештајот навел дека тоа се лични трошоци кои има намера да ги врати - еден ден.
Расипничкиот политичарски пар навел дека нивниот син купил само една видео игра, додека останатите купувања се дело на хакери, а покрај сите извештаи, Данкан тврди дека е невин и дека ќе ја докаже својата невиност пред судот.