Глумецот Марк Валберг (47) и понатаму изгледа одлично, а за тоа е заслужен неговиот начин на живот, редовното вежбање и здравата исхрана. Во својот типичен дневен распоред кој го сподели на Инстаграм, глумецот вели дека се буди во 2:30 часот и дека вежба два пати дневно.
Поранешниот модел на Calvin Klein, има 4 деца, јаде доручек во 3:15, игра голф во 7:30, ужинка во 8:00 и повторно јаде во 10:30 и во 15:30 часот. Во 11 часот ужива во семејното време и во 15:00 часот ги зема децата од училиште.
Марк во својот распоред на Инстаграм напиша дека се тушира во 17:00 и дека до 19:30 тој е во кревет. Марк никогаш не пропуштил ниту еден тренинг, а само поради него вратите во теретаната се отвараат во 3:45 наутро.
"Марк редовно тренира, но за улогата во филмот "Mile 22" посакавме да го направиме да изгледа како воен специјалист. Се фокусиравме на многу функционални работи, да биде силен и да би можел да се движи како мачка, држејќи пиштол. Тие движења се моќни, тоа се принципите на кои ќе наидете во борбите, кај некој кој може да реагира и да одговори на предизвикот", рекол неговиот тренер Брајан Нгујен.
Во последната објава на Инстаграм, Марк говори за своите следбеници дека докторот го присилил да направи два дена пауза од своите тренинзи. Тој зборува и за тоа како практикува криотерапија после излегувањето од теретана, бидејќи многу му помогнува во опоравувањето.