Шкода речиси целосно го откри новиот “Kodiaq vRS”

Точка

19/09/2018

17:59

2.478

Големина на фонт

а а а

Шкода продолжува со најавувањето на својот прв SUV автомобил кој ќе ја добие RS ознаката, а на пазарот ќе пристигне и со дизел погон.

На јубилејниот 120-ти саем за автомобили во Париз, од Чешка ќе пристигне атрактивниот “Kodiaq vRS” на Шкода. На новите фотографии е откриено дека новиот “Kodiaq vRS” ќе има двоен издув и 20-инчни “Xtreme” алуминиумски фелни.


Станува збор за првиот автомобил кој што од погоните на чешкиот производител ќе излезе со 20-инчни алуминиумски фелни како дел од стандардната опрема.


Под хаубата ќе биде сместен 2.0-литарскиот BiTDI твин-турбодизелски мотор со 240 коњски сили и 500 Nm максимален обртен момент, а на предната маска најмногу ќе се истакнува црвеното “vRS” лого.




Спонзорирани линкови

Маркетинг