Жена поставила нов светски рекорд во брзина на возење на велосипед

Супермен

19/09/2018

17:53

2.328

Големина на фонт

а а а

Најбрзата личност на велосипед на отворен пат се вика Денис Мулер-Коренек која возела 296 километри на час, со тоа поставувајќи го новиот светски рекорд кој досега беше "недопрен" од 1995 година.

"Секоја чест, мама", изјавил нејзиниот син Даниел во видеото кое тој го снимил кога неговата мајка влегла во финиш зоната. 


"Беше тешко", изјавила Денис. Таа освен што возела со брзина која ја достигнуваат само супер автомобилите, изјавила дека прашината во потполност ѝ го исушила и нагризала грлото, пренесува "npr.org".

Мулер-Коренек била шампионка во велосипедизам кога била тинејџерка. Таа повеќе од десет пати ја завршила трката помеѓу првите три места, на национално и светско ниво.


Меѓутоа, Денис рано се "пензионирала" во таа кариера и започнала да се занимава со "нормална" работа, се до моментот кога дознала за оваа трка и му се јавила на стариот тренер, со кој се припремала за оваа прилика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk