Тим Кук одговори на критиките за високите цени: Луѓето за Ајфон плаќаат по само 1 долар дневно

Точка

20/09/2018

17:46

3.759

Големина на фонт

а а а

Apple неодамна ја претстави најновата генерација на паметни телефони, а додека за самите телефони ретко кој има било каква замерка, една друга работа на корисниците им пречи најмногу – цената.

Причината за незадоволството е поради високата цена на трите нови паметни телефони на американскиот гигант – додека за новиот „скромен по перформанси“ iPhone XR треба да се издвојат 750 долари, за iPhone XS треба да се издвојат 1000 долари, односно за iPhone XS Max 1,100 долари.

Првиот човек на Apple, Тим Кук гостуваше во емисијата Good Morning America каде што разговараше со Робин Робертс за новите телефони на Apple, по што проговори и за цената на уредите.


На прашањето дали со цените повисоки од илјада долари новите Ајфон паметни телефони не се достапни за сите луѓе, Тим Кук изјави дека во компанијата сакаат телефоните да бидат достапни за сите, па затоа во понудата имаат повеќе модели со различни цени.

Што се однесува до најскапиот модел, Тим Кук порача дека тоа е најдобриот Ајфон на сите времиња, луѓето денес сакаат да ги користат најиноватнивните уреди, што не е ефтино. Тој нагласи дека повеќето од купувачите секако не ја плаќаат целата цена одеднаш, туку потпишуваат договори со мобилните оператори, па месечниот трошок изнесува околу 30 долари, што е само еден долар дневно.

Освен за телефоните, Кук и Робертс разговараа за трговските односи помеѓу Кина и САД, што е многу важно за Apple затоа што телефоните на американската компанија се произведуваат токму во Кина.

Тим Кук нагласи дека верува во подобрување на трговските односи и верува дека од тоа би профитирале и двете страни, како и корисниците. Тој нагласи дека во Кина се составуваат телефоните на неговата компанија од делови кои што доаѓаат од многу земји и порача дека Apple е заслужен за два милиони работни места и најави дека компанијата во следните пет години ќе инвестира дури 350 милијарди долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг