Sony најави враќање на легендарната PS1 конзола

Супермен

21/09/2018

14:52

1.294

Големина на фонт

а а а

PS1 конзолата беше претставена пред 25 години, а Sony сега одлучи повторно да ја врати класичната конзола на пазарот.

Сите оние кои сакаат ретро гејминг и кои се носталгични за првата Sony конзола, сега ќе имаат прилика повторно да купат PS1 кој доаѓа во мини верзија. Ова не е "слим" верзијата која беше претставена пред 25 години, туку потполно нов PS1 уред кој изгледа како оригиналното Sony, но во неколку пати помало пакување. 


Оваа верзија на PS1 е толку мала што може да се спореди со поголем таблет, а лесно можете да ја носите во ранец или торба, така што вашите омилени игри како "Crash Bandicoot" и "Mortal Kombat" секогаш можат да ви бидат достапни.

Sony ја редизајнираше ретро конзолата така што може да се приклучи на модерните телевизори, а за управувањето ќе ги користи старите ретро џојстици кои не се променети од своето прво претставување. Секоја конзола ќе има вградени 20 најпопуларни PS1 игри како што се "Final Fantasy 7", "Jumping Flash", "R4: Ridge Racer Type 4", "Tekken 3" и "Wild Arms", а играчите ќе можат да ставаат дискови во конзолата и да ги играат своите омилени игри, токму како што тоа го правеле некогаш.


Play Station 1 Mini ќе биде претставен на 3-ти декември оваа година и ќе изнесува 100 долари, што е сосема коректна цена кога ќе се земе предвид дека имате мала конзола која ќе ви овозможи часови и часови забава.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk