Каније Вест со фотографија ги запре гласините за расправијата со Џеј Зи и Бијонсе

Точка

21/09/2018

14:54

4.036

Големина на фонт

а а а

Дури и да сте живееле во пештера изминативе година, сигурно сте ги слушнале гласините за расправиите помеѓу некогаш големите пријатели и соработници на раперот Џеј Зи, односно Шон Картер и Каније Вест, за кои наводно се виновни нивните сопруги, поточно Бијонсе.

Имено, веќе со години се "шушка" дека Бијонсе избегнува дружење со Каније Вест, откако во неговиот живот влегла Ким Кардашијан, за која пејачката смета дека не е доволно талентирана и успешна за да биде во нејзино друштво.

Гласините за нивното несогласување двојно се зголемија, откако Бијонсе и Џеј Зи не се појавиле на венчавката на Каније и Ким во 2014-та година, туку само им испратиле честитка, додека истовремено на социјалните мрежи споделиле фотографии од семеен одмор. Каније во едно интервју искоментирал колку тоа го допрело.


Но, изгледа дека помеѓу семејството Вест и Картер повеќе нема нетрпение, ако воопшто некогаш имало. Кание вчера на својот Инстаграм профил објавил фотографија од Бијонсе и Џеј Зи и во описот напишал "семејство".

Парот на фотографијата позира прегрнат на задното седиште на лимузината. Бијонсе носи беж комплет со топ и здолниште и проѕирни штикли од брендот "Public Desire", кои, како што наведува американскиот "Vogue", многу потсетуваат на чевлите од новата колекција на Кание, па е изненадувачки дека раперот и дизајнерот не го налутил нејзиниот избор на чевли. Џеј Зи е во лежерна спортска облека, со капа на главата, а на фотографијата двајцата изгледаат заљубено и среќно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг