Apple овозможи нова опција за HomePod која што ќе овозможи пребарување на песни врз основа на текстот.
Со други зборови, доколку корисникот се сеќава на текстот, но не и на името на песната, доволно ќе биде само да ги запее стиховите и паметниот звучник на Apple ќе ја пронајде песната.
За опцијата да може да работи на HomePod, потребно е Ајфонот да биде надограден на iOS 12 оперативниот систем, а исто така треба да се направи и надоградба на паметниот звучник, по што ќе следува активација на опцијата.
Од Apple соопштија дека корисникот ќе може само да ја даде командата “Hey Siri play the song that goes…” и да изговори дел од текстот, па паметниот звучник веднаш со своите алгоритми и со помош на интернетот ќе ја пронајде песната.
Сепак, за да може HomePod успешно да ја пронајде песната, истата мора да се наоѓа на Apple Music сервисот. Според Apple, во овој момент на сервисот има преку 50 милиони песни, па така огромна е шансата песната да биде пронајдена.
Единствен проблем би можело да има доколку песната не е од англиско говорно подрачје, но од Apple нагласија дека со новите апдејти ќе биде решен и тој проблем.