Ема Стоун на премиерата го избегнувала Џастин Теру, иако се "шушка" дека се во врска

Точка

21/09/2018

16:28

3.335

Големина на фонт

а а а

Веќе со месеци кружат гласини за тоа дека се во врска, но 29-годишната актерка Ема Стоун и 47-годишниот актер Џастин Теру, мудро молчат.

Наводно се заљубиле на серијата "Maniac", во која заедно глумат, а вчера премиерно ја претставиле во Њујорк.


Црвенокосата актерка на премиерата заблескала во пристојна металик креација, но дури и длабокото деколте не успеало да привлече толкаво внимание како тоа дека цела вечер вешто го избегнувала наводно своето момче и цврсто се држела до колегата Џона Хил, кој и на групните фотографии стоел помеѓу нив.


Од друга страна, погледот на Џастин постојано бил насочен кон Ема, а како да не ја гледа, кога навистина изгледала фантастично. Освен со креацијата, Ема воодушевила и со гламурозна фризура, а мораме да забележиме дека и актерот бил многу згоден во кадифеното сако, црната маица и панталоните.


Потсетуваме, гласините за нивната врска почнале во мај, оваа година, неколку месеци после разводот на Џастин од Џенифер Анистон, кога тој и Ема се снимени заедно на ревијата на "Louis Vuitton" во Париз, па потоа на одмор на францускиот брег. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг