"Cannabition": Лас Вегас доби музеј на марихуана

Супермен

21/09/2018

17:34

1.189

Големина на фонт

а а а

Вчера се отвори музејот на марихуана во Лас Вегас со експонати како стаклен бонг со големина на жирафа и исушени пупки канабис изработени од стиропор.

Посетителите на поставката наречена "Cannabition" нема да можат да консумираат марихуана, бидејќи во американската држава Невада е забранета употребата на канабис на јавно место. 


Заинтересираните сепак ќе можат да дознаат повеќе информации за марихуаната, а музејот е осмислен и како иделно место за безброј селфи фотографии кои посетителите ќе можат да ги споделат на социјалните мрежи.

Музејот поседува и посебно осветлување кое им овозможува на посетителите да објавуваат фотографии на своите Инстаграм профили без филтри.


Основачот Џеј Џеј Вокер вели дека целта на музејот е дестигматизација на употребата на марихуаната.

Музејот ќе ги дочека своите први посетители речиси 15 месеци откако во Невада легално ќе може да се купи марихуана за рекреативни цели и каде продажбата значително ги надминува очекувањата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk