Четири години се во врска, но немаат секс: "Емоциите можат да се покажат и на друг начин"

Точка

21/09/2018

17:37

7.945

Големина на фонт

а а а

Шарлот и Џејкоб од Велика Британија се во четиригодишна врска, но немаат секс и не планираат да имаат во иднина. Својата приказна, тие ја откриле во една емисија на "BBC", а тврдат дека нивната врска е совршена иако сексот не е дел од неа.

Парот пробал да имал секс во првите шест месеци од врската, но тие не биле среќни па затоа одлучиле дека сексот нема да биде дел од нивниот однос.  

Шарлот признала дека е асексуална, а на Џејкоб не му годи сексот со личност која не сака да има односи. На нив не им паднало напамет да ја прекинат врската, вели тој, бидејќи Шарлот е фантастична личност, а емоциите можат да се покажуваат и на друг начин.

Тие признале дека се осудувани од страна на општеството поради нивниот начин на живот, но со текот на времето престанале да се обѕираат на другите и тврдат дека се многу среќни.

Животот на асексуалните личности отсекогаш бил интересен и интригантен. Во истата емисија неодамна се појавил и еден геј брачен пар кој нема сексуален однос, иако тие се заедно веќе четири години. И двајца се асексуални и тврдат дека сексот воопшто не им е потребен.


Иако за многумина ваквиот начин на живот се чини невозможен, едно истражување во Велика Британија покажало дека дури 18 отсто од лицата помлади од 30 години немале сексуални односи во текот на изминатите години или имале секс помалку од 10 пати во текот на целата година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг