Раперката Карди Би, пред една година тајно се венчала со раперот Офсет. Парот досега не покажал ниедна фотографија од венчавката, но вчера Карди на својот Инстаграм профил објавила една фотографија од самата церемонија.
Ако со нетрпение чекавте да ја видите нејзината венчаница, мораме да ве разочараме, бидејќи раперката не била класична невеста, а ниту младоженецот не изгледал како што очекувате.
Ова дефинитивно се најлежерните младенци кои сме ги виделе! Карди наместо бела венчаница, одбрала бели тренирки со златни линии, додека Офсет носел црн горен дел тренирки и фармерки.
Да потсетиме, јавноста дозна дека тие се пар, во февруари минатата година, а само неколку месеци потоа, поточно во август, почнаа да кружат гласини дека се вериле, а двајцата негираа.
Во октомври минатата година, Офсет ја запроси Карди, за време на неговиот концерт во Филаделфија, но подоцна се откри дека тоа било мамка, бидејќи веќе биле во брак еден месец.
Парот пред еден месец го доби и своето прво дете, девојчето Култура Киара Цефус.