Еве зошто ангелите на Викторија Сикрет секогаш изгледаат совршено

Точка

22/09/2018

13:49

9.195

Големина на фонт

а а а

Тајната за убавина на прочуените ангели на Викторија Сикрет, се крие во бјути рутината, до која строго се придржуваат. Освен здравата исхрана и редовното вежбање, тие имаат свои бјути правила, кои се неопходен дел од нивните рутини.

1. Мејкапот е сведен на два клучни производи

За секогаш да имаат убав и сјаен тен, овие девојки со себе секогаш носат бронзер. Покрај тоа, секогаш носат и неутрален беж кармин, кој може да се прилагоди на секој мејкап изглед.


2. Не сакаат агресивен "eye make-up" 

Не се љубители на силни сенки за очи и вештачки трепки. Тие уживаат во природен изглед, па очите ги шминкаат со многу малку маскара и понекогаш додаваат туш за очи, за дополнително да го нагласат својот сексапил.

3. Никогаш не им е доста од парфем

Обожуваат да мирисаат интензивно, затоа парфем нанесуваат речиси по целото тело и за апсолутно секаква прилика.


4. Не претеруваат со пудра

Се трудат на лицето да имаат што е можно помалку производи кои не ѝ дозволуваат на кожата да дише. Тие најчесто бираат "BB Cream", со заштитен фактор и нанесуваат многу малку руменило. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг