Кога на линијата ќе застанат супермотоцикл, суперавтомобил, Формула 1 и два авиона, само еден е победник

Точка

22/09/2018

15:07

6.074

Големина на фонт

а а а

Три суперавтомобили, супермотоцикл, автомобил на Формула 1, приватен и борбен авион вчера се тркале на технолошкиот фестивал во Истанбул, а како победник, верувале или не, излегол супермотоциклот.

Пет возачи застанале на линијата од патеката која била долга 400 метри, додека авионите полетале од пистата на новиот меѓународен аеродром во Истанбул.  

Несекојдневната трка била одржана во склоп на фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија кој бил одржан на аеродромот пред официјалното отворање во октомври.


Во трката учествувале мотоцикл "Kawasaki H2R" и автомобилите "Tesla P100DL", "Aston Martin New Vantage" и "Lotus Evora GT 430", а целта ја поминале за приближно исто време.

Автомобилот на Формула 1 кој го возел британскиот возач Џејк Денис, пристигнал втор до целта.

Погледнете како изгледала оваа епска трка:



Спонзорирани линкови

Маркетинг