Фергусон за првпат се појави во јавноста по мозочниот удар, ќе го бодри Јунајтед од трибините

Дерби

22/09/2018

15:18

2.705

Големина на фонт

а а а

Сер Алекс Фергусон доживеа мозочен удар во месец мај, но по првичните две обраќања кои ги имаше преку видео, сега за првпат се појави јавно на еден настан, а повеќе од јасно е дека станува збор за натпревар на Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ ова попладне на домашен терен го пречекуваат разиграниот Вулверхемптон предводен од Нуно Санто, а играчите на Жозе Мурињо во вип ложата повторно ќе можат да го видат добро познатото лице. Сер Алекс Фергусон самостојно и на свои нозе пристигна на „Олд Трафорд“ на три часа пред дуелот кој стартува во 16:00 часот, а оваа фотографија брзо се рашири во јавноста и ги воодушеви фудбалските фанови ширум светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг