Перез откри дека испратил интересен предлог до НБА лигата

Дерби

22/09/2018

15:20

3.533

Големина на фонт

а а а

Флорентино Перез ги откри причините за продажбата на Кристијано Роналдо за време на вчерашниот состанок кој го имаше со бордот на директори на Реал Мадрид, но покрај ова, од неговото излагање за издвојување е и делот кој е посветен за кошаркарскиот тим.

Првиот човек на Реал обелодени дека има огромни амбиции и кога е во прашање кошаркарскиот тим на „кралевите“, па веќе стапил во контакт со одговорните луѓе во НБА лигата за можно вклучување на Реал Мадрид во најсилната кошаркарска лига во светот.

– НБА лигата планира да креира конференција сочинета од европски тимови, но Реал Мадрид е единствениот тим од Европа кој сака да влезе во оваа лига. Зборував со Адам Силвер и му дадов предлог. Имаме одличен тим и побарав од него да не пушти во Источната конференција. Добивме одговор дека треба да почекаме и дека цела Европа треба да се вклучи во проектот. Се уште работам на остварување на оваа идеја, сакаме да бидеме дел од најдобрата лига во светот, – порача Перез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг