Бартон го потцени квалитетот на Нејмар и го „закопа“ со брутална споредба

Дерби

22/09/2018

15:21

3.121

Големина на фонт

а а а

Џои Бартон во овој момент работи како менаџер на Флитвуд Таун и постојано ги следи сите случувња во светскиот фудбал, исто како и во времето кога важеше за еден од најконтроверзните и најексцетрични играчи во фудбалот.

Незаборавниот играч за врска беше препознатлив по својата пргавост и бескомпромисност на теренот, а неговиот темперамент знаеше да го одведе и ниво погоре, односно да изрежира брутален старт и да влезе во конфронтација со противничките играчи.

Една од највпечатливите страни на Бартон додека активно играше фудбал беше тоа што секогаш говореше отворено без влакна на јазикот, а истиот принцип го применува и во тренерските води, последно за да му одржи лекција на Нејмар. Менаџерот на Флитвуд направи анализа за изданието кое го имаше Бразилецот против Ливерпул во Лигата на шампионите, а најнеобична е споредбата која ја направи за најголемата ѕвезда на ПСЖ.

– Нејмар не е најдобар играч во светот, го видовме тоа во Русија, го видовме тоа и во Ливерпул. Тој не е на нивото на кое играа Роналдо и Меси, а исто така има уште многу играчи кои се пред него на листата. Не би рекол дека Нејмар е фудбалски феномен, тој за мене повеќе е рекламен феномен. Добар е за правење реклами, како Кардашијанови. Нејмар е фудбалски Ким Кардашијан, – потенцира Бартон во изјава за „Лекип“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг