10 трендови од "Пријатели", кои ќе бидат во мода оваа есен

Точка

22/09/2018

20:20

6.563

Големина на фонт

а а а

Поминаа точно 24 години од емитувањето на првата епизода од култната хумористична серија "Пријатели", која, освен по урнебесните смешни сцени, ја паметиме и по одличните модни моменти.

Модата од тоа време сега повторно се носи, па во продолжение ви издвоивме десет трендови од споменатата серија, кои ги носеа Рејчел, Моника и Фиби, а "in" се и оваа есен.

1. Сладолед боја


Рејчел во серијата носеше пастелно жолто боди, а сладолед бојата оваа сезона во мода ја вратија бројни дизајнерски куќи, од "Celine", преку "Hermes" до "Victoria Becam".

2. Предимензионирани плетива


Кралицата на откачениот и опуштен стил, Фиби, обожувала предимензионални џемпери, кои сега повторно се "in". Можете да ги комбинирате исто како неа, со здолниште, а косата да ја соберете со ластик, за тренди есенски изглед.

3. Карирано


Карирано парче оваа есен е во посебен фокус, и се носи од глава до пети, но доволно е да набавите барем една предимензионална карирана кошула, каква што носи Моника во серијата, за да бидете во тренд.

4. Проѕирно


Проѕирната облека не е новост, се носела и во 90-тите години, а доколку не сакате да ја покажете долната облека, превземете го стилскиот трик на Рејчел и под проѕирната блуза, облечете свилена долна маица.

5. Лизгави фустани


Секси фустаните во стил на ноќница, ниту оваа есен не излегуваат од мода, а токму ѕвездите од "Пријатели" се заслужни за нивната популарност во 90-тите. Ги носеле сите три, но Фиби ќе ви послужи како најдобра стилска иснпирација за нивно комбинирање во претстојната сезона

6. Монохроматски изглед


Иако на модните писти за претстојната сезона доминирале боите на сладолед, модната куќа "Dior" најавила и црно-бели комбинации за оваа есен. Во серијата ова била омилената комбинација на Моника, за обавување на кетерингот, но мора да признаеме дека имала модерен деловен изглед.

7. Деловен изглед


Денес со задоволство би ја превземале целата деловна гардероба на Рејчел, а особено овој еднобоен комплет. Оделата се дефинитивно едни од главните трендови за претстојната сезона, а еднакво добар избор се и оние со панталони или оние со здолништа.

8. Мрежести торби


Моника ја носела за набавка на намирници, но мрежестата торба оваа сезона ќе има свој голем моден момент. Иако се сомневаме дека во есента ќе бидат барем приближно популарни како што беа во летото, сепак веруваме дека фешн-девојќите ќе ги обожуваат и во наредната сезона.

9. Памучни ткаенини


Специфичното карирано парче, кое упорно не излегува од мода, ќе го гледаме насекаде и оваа есен, а фустанот со А-крој, кој го носи Рејчел во серијата е совршен избор за оваа сеозна.

10. Трегери


Фармерките со прерамки некое време не беа интересни, но оваа сезона ќе бидат хит. Во серијата ги носеле и Рејчел и Моника и Фиби, па од нив можете да земете пример како може да ги комбинирате. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг