Родила близначки, а после 12 години едната се разболела: Сестра ѝ не се одвојувала од неа, а потоа се случило чудо!

Точка

22/09/2018

21:18

10.909

Големина на фонт

а а а

Идентичните сестри близначки, со своите сини очи и прекрасна руса коса, покажале нераскинлива врска уште од самиот почеток.

Девојчињата растеле нормално и здраво. Но, 12 години подоцна, на 9-ти февруари, 2013-та година, животот за момент им се променил. Родителите на девојчињата, Пеги и Џеф ја нашле Хајли како лежи на подот во купатилото. Не можела да ги отвори очите и зборувала неразбирливо.

Најлоша од сѐ била болката која ја чувствувала во главата. Пеги и Џеф знаеле дека нешто не е во ред. Сепак, не биле свесни за сериозноста на нејзината состојба. Докторите од локалната болница откриле дека Хејли имала крварење во мозокот.

Кога тоа им било соопштено, Пеги и Џеф знаеле дека постои шанса таа да не преживее. Докторите рекле дека ништо не можат да направат, но семејството одбивало да го прифати тоа.


Хајли со хеликоптер била пренесена во "Penn State Hershey Children’s Hospital". Таму нејзините родители, Пеги и Џеф, дале согласност за операција, со што би го ослободиле притисокот на Хајли во мозокот. Во тој момент, Хајли била во кома и не била во состојба сама да дише.

"Со Хајли постојано беше нејзината сестра Џена. Ѝ ја држеше раката и ѝ зборуваше дека мора да се извлече, бидејќи не може да живее без неа", рекла Пеги.

Како што се испоставило на крајот, Хајли е родена со аномалија (AVM), заплеткани крвни жили во мозокот, кои ги поврзуваат артериите и вените. Пеги и Џеф ѝ рекле дека AVM треба да се излечи, инаку ќе страда цел живот.

После неколку дена, Хајли се разбудила и сите кои ја познаваат ја опишуваат како вистинско чудо. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг