Гевгеличанец криел мигранти во камион, меѓу нив и 11 деца

Макфакс

23/09/2018

15:12

1.994

Големина на фонт

а а а

Гевгеличанец криел мигранти во камион, меѓу нив и 11 деца. Полицијата го открила случајот изутринава во 8.10 часот во близина на селото Смоквица.

Според МВР, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола ,,Богородица” спречено е кримчарење на мигранти во товарно моторно возило влекач со гевгелиски регистарски ознаки сопственост на фирма, а управувано од возач Р.Р. од Гевгелија.

Во товарниот простор од возилото пронајдени се 83 илегални мигранти од кои 11 малолетни лица (10 од Пакистан и еден од Авганистан) и 72 полнолетни лица мигранти (четири од Ирак, еден од Индија,еден од Авганистан и 66 од Пакистан). Возачот е обезбеден за понатамошна постапка, а лицата во моментов се ноаѓаат во Прифатниот Центар во Гевгелија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг